Кои се најголемите финансиери на украинскиот отпор?
Од почетокот на руската инвазија, Украина прими милијарди евра помош од своите сојузници.
Податоците од Институтот за светска економија во Киев покажуваат дека до 20 ноември лани, земјата примила 108.1 милијарди евра помош. Тоа е финансиска, воена помош и хуманитарна.
САД е најголем финансиер со помош од 47,8 милијарди евра, од кои 22,8 милијарди евра се воена помош. Европската Унија (ЕУ) дала 30 милијарди евра, од кои 28.3 се за финансиска помош.
Потоа следат Британија, Германија, Канада, Полска, Франција, Норвешка, Холандија и Шведска.
Но, ако се гледа како процент од БДП, тогаш балтичките земји најмногу помогнале.
На листата се најдоа и две земји од регионот, Словенија и Хрватска. Првата одвоила 0.11 отсто од БДП, а втората 0.04 отсто.

