Кои се најголеми муштерии на банките? Секој од нив за камати плати повеќе од 330.000 евра за половина година!
Верувале или не! Фирмата која е најголем плаќач на камати (и евентуално во многу помала мерка и курсни разлики н.з.) секој ден на банките со кои соработува им плаќа по 6.278 евра камата! Вториот најголем корисник на банкарски услуги, меѓу стотина најголеми компании чии акции котираат на берзата, платил 704.000 евра камати за шест месеци!
Бизнисот не може без кредитирање, а особено големиот бизнис не може да се замисли без најважната логистика – финансирањето што го добива од големите деловни домашни банки.
За да утврди кои се најголеми клиенти на домашните деловни банки „Фактор“ ги излиста и спореди финансиските расходи од билансите на успех на повеќе од 90 акционерски друштва чии акции котираат на Официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност.
Во билансот на успех секоја компанија има обврска да ги прикажува финансиските расходи, а најчесто во таа агрегатна ставка најголемо учество имаат расходите за камати (по банкарски кредити н.з.), а во одредена и најчесто помала мерка курсните разлики и слични финансиски расходи.
За вас почитувани читатели „Фактор„ подготви листа на најголеми плаќачи на камати во конкуренција на безмалку сто големи компании чии акции се тргуваат на некој од сегментите на Официјалниот пазар. Податоците за платени камати се однесуваат на периодот од почетокот на јануари па до крајот на јуни годинава.

foto freepik.com/kstudio
