Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најевтини, а кои најскапи градови во Србија?

Кои се најевтини, а кои најскапи градови во Србија?

Намирниците и услугите во Србија се најевтини во Лесковац, Нози Пазар и Зрењанин, а најскапо е во Нови Сад, Крагуевац  и Белград.

Ова го покажа истражувањето на весникот Блиц. Направено е истражување во 12 градови за основни намирници и услуги, но и нешто полуксузно.

Заклучокот е дека најевтино ќе поминете во Лесковац, а најскапо во Белград и Нови Сад и помалку изненадувачки во Крагуевац.

Во помалите градови каде платите се помали и вработеноста е мала, трошоците за живот се за 30% помали.

„Не е исто да имате 500 евра во Владичин Хан и Белград“ - вели Зоран Стоиљковиќ, професор на Факултет за политички науки.

Економистот Данило Шуковиќ вели дека пониските цени во малите градови се одраз на сиромаштија, а не на поголема понуда.

Додава дека со просечна српска плата поубаво е да се живее во внатрешноста отколку во Белград.

Сепак Шуковиќ вели дека на младите луѓе кои немаат можности за едукација, напредување, вработување евтиниот живот во малите места ништо не им значи.

За споредба кафето во Белград е 150 динари, а во Лесковац 90 динари.

Кирија за двособен стан во Белград е 31.000 динари, или три пати повеќе отколку во Лесковац.

Слично

Поврзани вести