Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најербап во Прилеп? Најголем профит од мермерот, најмногу приходи од храната

Кои се најербап во Прилеп? Најголем профит од мермерот, најмногу приходи од храната

Прилеп има 14 фирми кои лани направиле приход поголем од 5 милиони евра, а 9 меѓу нивсе компании кои имале приходи поголеми од 10 милиони евра. Клучни генератори на прилепската економија се домашно поседуваните гиганти „Витаминка“ и „Прилепска пиварница“ заедно со странските компании „Гентерм“, „Мермерен комбинат“ и „Комфи-Ангел“. Прилеп и покрај бурната транзиција останува град со силна и релативно разновидна индустрија.

Градот херој, синонимот на антифастичкиот отпор во Македонија, родниот град на великаните Ѓорче Петров и Пере Тошев, родното место на Марко Цепенков и Димитар Талев. Градот чиј непокор, хероизам и традиција се испишува уште од легендите за Крали Марко, а снаодливоста и итроманштината преку приказните за Итар Пејо. Прилеп е градот чии синоними се тутунот, мермерот, ширданот, „Златниот даб“, „Стоби Флипс“ и „Газоза“ и шегите на „чешитите“ прилепчани чиј заштитен знак беше е и ќе остане актерот Џумерко. Прилеп е град што плени со својата уникатност, гостопримливост, родољубивост.

Официјалните податоци за 2022 година од ЦРМ покажуваат дека најголема прилепска компанија е „Витаминка“. Ретко кој град во земјава може да се пофали дека во локалната индустрија најголема по приходи е компанија која во целост е поседувана од домашни сопственици, во овој случај акционери меѓу кои најбројни се вработените.

*Рангирањето е изготвено врз основа на комбинација на параметрите приход над 300 милиони денари и добивка од најмалку 1 милион евра

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести