Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најдобрите во македонската ИКТ индустрија? Познато колку заработија Сеавус, Ендава, Некстсенс и другите

Кои се најдобрите во македонската ИКТ индустрија? Познато колку заработија Сеавус, Ендава, Некстсенс и другите

Македонски програмерски компании и нивните брендови за програмирање, но и за компјутерски конслатинг останале отпорни на економските последици од корона кризата. 

Официјални достапни податоци од Централниот регистар за ИКТ индустрија велат дека Сеавус, традиционално, е најголемата програмерска компанија на македонскиот извозно – ориентиран пазар со остварени приходи вредни 17,7 милиони евра и 2020 ја заврши со раст од 5 отсто.  Профитот  е зголемен за 12 отсто и достигна 4,1 милиони евра. 

Нетцетера лани го зголеми приходот за 21 отсто, односно до 12,1 милиони евра. Добивката пак бележи пад 38 отсто и изнесува 390.000 евра.

Филијалата на реномираниот израелски бренд Ендава ПЛЦ нарасна за 15 отсто достигнувајќи 10,4 милиони евра. Профитот пораснал за 7 отсто достигнувајќи 904.000 евра.

Најуспешна домашно поседувана компанија е битолската Интерворкс. Компанијата на Фанија Мемца оствари добивка од 1,1 милиони евра на приходи од 4,8 милиони евра.

За останатите резултати во ИКТ секторот повеќе може да се прочита од денеска на Фактор.

Слично

Поврзани вести