Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најдобрите универзитети во Македонија?

Кои се најдобрите универзитети во Македонија?
Државниот универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје повотрно е најдобро рангиран во земјава на Шангајската листа на високообразовни институции. Министерството за образование ја објави листата за академската 2011/2012 година, на која првите пет места ги заземаат државните универзитети. На второ место е Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, трето - Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, четврто - охридскиот Универзитет „Св.Апостол Павле“ и петто - Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола. Рангирани се 20-тина високообразовни институции, кај кои биле споредувани 21 индикатор за квалитет. Некои високообразовни институции и овојпат дале погрешни податоци, но нивниот број годинава бил помал, вели министерот за образование Спиро Ристовски. „Постојат ситуации во кои некои од универзитетите доставуваат лажни информации за запишан број на студентити во прва година или вкупен број на објавени истражувачки текстови во меѓународни списанија, но тој број е намален и незначителен“, изјави  Ристовски. Најдобро рангиран приватен Универзитет е „Американ колеџ“. На дното на листата, на последната позиција е Универзитетот „Евробалкан“. Министерството за образование очекува рангирањето да ја зголеми конкуренцијата и да го подобри квалитетот на високообразовните институции. Еве ја целата листа:
Слично

Поврзани вести