Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најдобрите туристичко-угостителски објекти во Македонија?

Кои се најдобрите туристичко-угостителски објекти во Македонија?
Хотелите „Аурора ресорт спа-Берово“, „Изгрев“ Струга, „Султан“ Скопје и „Скардус“ Тетово дале најголем придонес за подобрување на туристичката понуда во Македонија во изминатата година, па Миистерството за економија им подели признанија на денешниот Светски ден на туризмот. За најдобри ресторани, пак, се прогласени „Њу Стар“, „Рагуза“, „Венето“ и „Мираколи“ од Скопје. Од туристичките агенции кои носат туристи во Македонија, признанија добија „Бадем турст“, „Карачи“, Визит Македонија“ и ВАС-ТУР“ од Скопје, а за најдобри туристички манифестации се прогласени: „Еснаф“ Скопје, фестивалот „Охридско лето“-Охрид, фестивалот „Браќа Манаки“-Битола и Тетовското културно лето – Тетово. При селекцијата според Министерството за економија, се испочитувани критериумите придонес во туризмот, ефикасно работење и подобрување на туристичката понуда. Бројот на странските туристи во изминатите 8 години е зголемен за 98 проценти, а вкупниот број на туристи бележи раст од 40 проценти. Годинава, пак, бројот на странските туристи во Македонија во јули во однос на јули лани е зголемен за 9,9 проценти. Надлежните велат дека се задоволни од овие резултати. „Ваквите позитивни резултати не доаѓаат случајно. Како Влада и како Министерство за економија во континуитет работиме на подобрување на туризмот и привлекувањето што повеќе странски туристи во државата. За три години  се поделени субвенции во износ од над 2,5 милиони евра за стимулирање на оваа гранка во државата. Од таа причина на годишно ниво бројот на странските туристи е над 700 илјади“, вели министерот за економија Беким Незири.

Лани во Македонија во туризмот биле вработени 8.500 лица, што претставува 1,2 проценти од вкупниот број вработени во земјава. Годинава се очекува бројот на вработени во овој сектор да достигне 10.000, и да се зголеми учеството на туризмот во БДП од 1,9 проценти.

Слично

Поврзани вести