Кои се најдобрите места за пензионирање во светот?
Изданието „International Living“ излезе со својата традиционална годишна оценка за тоа каде е најдобро да се пензионирате оваа година.
Во рангирањето учествувале 23 земји, во кое се земени предвид фактори како пристапност на стоките и услугите, интернет пристап, здравството, климата и лесен пристап за патување до други земји.
И бидејќи рангирањето е ориентирано кон тоа да ги дава најдобрите предлози за пензионирања во други земји, со голема тежина во него се факторите како цена на недвижности, потенцијални привилегии за странски пензионери, како и можна забава.
Резултатите повторно не се особено големо изненадување, а во листата доминираат земји од Јужна Америка.
Панама е рангирана на прво место како најдобро место за странски пензионери. Земјата е со пристапни цени, здравството е со висок квалитет, климата е поволна. Покрај тоа жителите на земјата се дефинираат како пријателски настроени и гостопримливи, а англискиот јазик е широко распространет.
Вкупно шест земји од Јужна Америка спаѓаат во рангирањето на десетте најдобри места за странски пензионери - Панама, Еквадор, Мексико, Коста Рика, Колумбија и Никарагва.
Малезија ја зазема највисоката позиција во однос на критериумот -пристапност. Таа е рангирана на петтото место во листата.
Земјата станува достапна во последните години во однос на цените. Таа е најпосакувана дестинација од пензионерите главно од Велика Британија и Австралија во последниве години, но станува популарна и за пензионираните Американци.
Во однос на здрав начин на живот, првата позиција е за Костарика и Никарагва. Луѓето кои сакаат да уживаат во свежиот воздух и добро време, дефинитивно се упатуваат кон нив. Овие две земји нудат исто така висок квалитет на здравството. Лесен пристап до виза и добивање на државјанство се нови критериуми кои се земаат предвид во овогодинешното рангирање.
Во некои земји, како Панама на пример, тоа е релативно лесно и евтино. Најдобра во рангирањето во однос на квалитетот на здравството се квалификуваа Колумбија и Малезија, кои сериозно го развиваа здравствениот туризам поради ниските цени и високиот квалитет на услугите.
Во однос на најголема пристапност во цените на стоките и услугите, на прво место е Камбоџа. Апартмани во добри населби може да се најде со месечни кирии од 250 долари, а вечера надвор чини во просек околу 5 долари. Во однос на добра инфраструктура, пристап до аеродроми, интернет и сл., првите позиции се за европски земји како Шпанија, Португалија, Ирска, Франција и Малта.
