Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најбогатите луѓе на Балканот?

Кои се најбогатите луѓе на Балканот?

Првиот претставник од Србија на листата е сопственикот на „МК груп“, Миодраг Костиќ, а следен на листата е словенечкиот брачен пар Логин.

Магазинот Forbes ја објави листата на најбогатите луѓе, при што се наведени и луѓето од Балканот кои имаат најмногу пари.

Најбогат човек на Балканот и понатаму е хрватскиот бизнисмен и сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ.

На листата доминираат Хрвати, а зад Тодориќ е основачот и сопственик на „Атлантик груп“, Емил Тедесчи. Понатаму се претседателот на „Адрис груп“, Анте Влаховиќ, и сопственикот на компанијата „Орбико“, Бранко Роглиќ.

Меѓу топ 10 се и 4 бизнисмени од БИХ. Тие ги заземаа последните места на оваа листа меѓу најбогатите на Балканот.

Меѓу нив најбогат е сопственикот на фирмата „Комерц мали“, Драго Малиновиќ, кој е седми, а осми е сопственикот на сараевската фирма „Еуро асфалт“, Хамед Рамиќ.

Едно скалило подолу е сопственикот на „Виолете“, Петар Чорлука. На десетто место е сопственикот на фирмата „Супер петрол„, Вељко Ѓукиќ од Бања Лука.

Слично

Поврзани вести