Кои се најбогатите градови во светот?
Глобалната консултантска куќа Аркадис направи листа на 10 најбогати и економски најстабилни градови во светот.
Листата е направена врз основа на туризам, БДП, инфраструктура, поврзаност, стапка на вработеност и други фактори. Оценето е дека 100 градови ширум светот важат за богати, но во првите 10 влегуваат градови од различни континенти.
Еве како изгледа рангирањето:
1. Сингапур - најбогат град на светот, но се соочува со стареење на населението
2. Хонг - Конг - има добра инфраструктура и економија
3. Лондон - и по Брегзит е на високото трето место
4. Дубаи - финансиски центар на Емиратите
5. Цирих - има репутација на град каде е добро да се живее
6. Единбург - има престижни универзитети
7. Прага - има висок БДП
8. Њујорк - има се повеќе жители, но и понатаму е центар на САД
9. Париз - познат е по нееднаквоста во приходите
10. Стокхолм-тој е културен, медиумски, економски центар на Шведска и е најдобро рангиран кога е во прашање околината
