Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се Митровски и „Езимит“ во новата истрага на СЈО

Кои се Митровски и „Езимит“ во новата истрага на СЈО

Зоранчо Митровски, сопственикот на „Езимит“ , е еден од сопствениците на компании кои се осомничени од СЈО во новиот случај „Поштенски банки“ кој беше објавен денеска.

Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.

Управителите на друштвата „ГД Тиквеш“ АД Кавадарци, „ГП Бетон“ АД Тетово, АД „МИК“ Кавадарци, „Венгал“ АД Скопје, „Езимит Груп“ ДОО Штип и АД „Жито Скопје“ – Скопје како потенцијални купувачи постапиле спротивно на чл.38 од Законот за банки, со тоа што се обиделе акциите од втората емисија во „Поштенска банка“ АД Скопје да ги купат од средствата на истата банка.

Притоа, осомничениот Смилевски, со управителите на овие правни лица кои се обиделе да учествуваат во втората емиција на акции, склучил договори и на сите им признал побарување во износ од по 13 милиони денари за наводно обештетување, иако истите не претрпеле никаква штета и реално немале право на вакво нешто.  На овој начин истите се стекнале со противправна имотна корист од 81.703.525 денари. Појаснуваме дека управителите на правните лица кои ги склучиле договорите за обесштетување знаеле за фиктивноста на договорите, но дејствувале како членови на група што се занимава со перење на пари, а меѓу нив е и Митревски, осомничен за сторено кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело.

Инаку групацијата „Езимит“ постои 27 години, во дејноста доминира виното, но и повеќе деловни сфери, меѓу кои се и финансиите и градежништвото. Името на Зоранчо Митровски е познато во бизнис светот во Македонија, но првиот човек на ЕЗИМИТ не се експонира премногу во јавноста. Тој е и еден од најголемите поединечни акционери во Комерцијална Банка. 

Езимит е доминантен сопственик и во градежната компанија Бетон Штип, која доминираше во изградбата на проектот Скопје 2014.

Групацијата повеќе е извозно ориентирана, додека македонскиот пазар и е во заден план. 

Компанијата е формирана неколку месеци пред осамостојувањето на Македонија со регистрирана подружница во Италија пред отворање на винарницата во 2000та година во Штип. Следува таа во Хрватска во 2004 и пред извесно време во Словачка. Вината од македонско и локално производство таму се пакуваат се продаваат во Европа, односно во земји како Полска,  Чешка, Унгарија. Компанијата одгледува и грозје, покрај пакувањето на виното како финален производ.

Езимит надвор покрива далеку поголем пазар од она што може целосно да го абсорбира македонскиот.


Слично

Поврзани вести