Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се Македонците на страницата за скандалот со офшор фирми во Панама?

Кои се Македонците на страницата за скандалот со офшор фирми во Панама?

Роланд Златку, Слободан Спасовски и Александар Пановски се тројцата Македонци кои се најдоа во  „Панама пејперс".

Тие се појавуваат на интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, кој го објави скандалот со офшор фирмите во Панама. Пановски се поврзува со компанијата „Ориент Оил и Гас Лимитед", која е регистрирана на адреса на Британските Девствени Острови. Тој е директор и акционер во овој офшор субјект од 8 јуни 2009 година. Според податоците на сајтот, „Ориент Оил и Гас Лимитед" се води како офшор субјект, додека до името на Пановски стои описот „лице кое има улога во офшор субјект или посредник кој им помага на клиентите да основаат офшор субјект. Името на Слободан Спасовски се поврзува со компанијата „Фисн Дел Лимитед", регистрирана на Сејшелските острови, додека Роланд Златку е поврзан со компанијата „Енистон Девелопмент корпорејшн", со адреса во Шангај, Кина, а регистрирана на Девствените острови.

Овие компании се како дел од 11,5 милиони документи од досиејата на адвокатската фирма Мосак Фонсека, со седиште во даночниот рај Панама.

Новинари од 80 земји ги прегледуваат милионите документи преземени од базата на Мосак Фонсека, која е четвртата по големина офшор-правна фирма во светот.

Слично

Поврзани вести