Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се луѓето на знамето од дронот?

Кои се луѓето на знамето од дронот?

Двата ликови кои се најдоа на знамето кое ги испровоцира нередите на стадионот Партизан се политичарите Исмаил Џемаили и воениот лидер Иса Болетини.

Болетини е роден во Болетина кај Косовска Митровица во 1864 година, бил еден од пионирите за борба за албанска независнот а во Балканските војни се борел против Србија.

Исмаил Џемаили е албански државник кој учествувал во пишувањето на албанската декларација за независност. Бил прв премиер и министер за надворешни работи на независна Албанија од 1912 до 1914 година.

Иса Болетини е роден како Иса Пеци, но го променил презимето по местото на своето раѓање. Кон крајот на 19 век бил еден од борците за албанска независност, а во 1881 година учествувал во битката на албанските сили со Отоманската војска кај Сливове.

Во 1902 година е воспоставен руски конзулат во Косовска Митровица, а Болетини при таа прилика им се заканувал на сите Срби кои ќе работат во кунзулатот дека ќе им ги запали куќите.

После Младотурската револуција од 1909 година се судрил со своите трупи на и турската армија која броела 7000 лица. Бил министер на војската во привремената Влада на Албанија која функционира во 1913 година, а во тој период нападнал двајца српски гарнизони кај Бебар. Во првата светска војна исто така се борел против српските сили.

Исмаил Џемаили е роден во 1844 година во Флори, а умрел 75 години подоцна во Перуџа. Бил лидер на Албанското национално движење. Работел во служба на Отоманската импреија, бил управител на повеќе градови на Балканот. После промената во Отоманската импреија бил во немилост на власта, протеран е во Анадолија и побарал британски азил.

После Младотурската ревозлуција станал пратеник во парламентот на Турција, во Текот на востанието во Албанија во 1911 година, кој го поддржал црногорскиот крај Никола Први, и се придружил на водачите на востанието.

Албанија на 28 ноември 1912 годиа стана независна држава, а тој учествувал во пишувањето на албанската декларација за независнот.

Слично

Поврзани вести