Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОИ СЕ КАНДИДАТИТЕ КОИ СИГУРНО ВЛЕГУВААТ ВО ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРБИЈА - а на кого уште се чека

КОИ СЕ КАНДИДАТИТЕ КОИ СИГУРНО ВЛЕГУВААТ ВО ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРБИЈА - а на кого уште се чека

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ денеска ги распиша изборите за претседател на таа држава, кои ќе се одржат истовремено со парламентарните и изборите за градоначалник на Белград, на 3 април годинава. Тоа значи дека од овој момент започнува собирањето потписи за кандидатурата. Она што засега е познато се имињата на осум сигурни кандидати. Се очекува во наредните денови својата кандидатура да ја објават актуелниот претседател Александар Вучиќ и поранешниот претседател Борис Тадиќ.

Иако официјално не е потврдено, кандидат на владејачката коалиција за претседател секако ќе биде претседателот на СНС, Александар Вучиќ. Тој на 11 февруари изјави дека името на кандидатот на СНС ќе се знае за 20 дена. Тоа значи дека овие информации ќе бидат обелоденети во наредните денови.

Александар ВучиќАлександар Вучиќ на средбата со амбасадорите на Квинте и шефот на делегацијата на Европската Унија Фото: ТАНЈУГ / САВА РАДОВАНОВИЌ

СПС нема да има свој кандидат, туку, како што кажа лидерот на таа партија Ивица Дачиќ, ќе го поддржат Вучиќ.

Се очекува и уште една кандидатура. Станува збор за Борис Тадиќ, лидерот на СДС.

Тој е носител на листата на коалицијата собрана околу неговата партија на парламентарните избори, а се очекува да биде и претседателски кандидат. Според Нова.рс, се очекува сега по распишувањето на изборите и официјално да соопшти дека ќе влезе во трката.

Опозицијата собрана околу Партијата на слободата и правдата, Демократската партија и Народната партија ја донесоа конечната одлука да го предложат генералот Здравко Понош за свој претседателски кандидат.

Претседателот на Двери, Бошко Обрадовиќ е еден од првите лидери кои најавија дека ќе се кандидира на претседателските избори. Тој ќе биде кандидат на Патриотскиот блок, а Обрадовиќ истакна дека мотивот му е што „Србија денеска очигледно не е во добра состојба“ и оцени дека власта „не се водела од љубовта кон татковината“.

„Да ја сакаа Србија, немаше да тргуваат со Косово и Метохија, немаше да ограбуваат селани, работници и претприемачи, немаше да ги понижуваат српските семејства, немаше да продаваат српска земја, вода и воздух“, рече Обрадовиќ.

Кандидатура за претседател на Србија на коалицијата НАДА (ДСС-ПОКС) ќе биде лидерот на Демократската партија на Србија, Милош Јовановиќ. Тој посочи дека ниту власта, ниту дел од „бриселската опозиција“ не ги делат вредностите на оваа коалиција - демократија и патриотизам.

Претседателската кандидатура кон средината на декември ја најави новинарот и пратеник во Собранието на слободна Србија Срѓан Шкоро, за „чесните и обесправени луѓе“ да имаат време да гласаат.

На сличен начин зборуваше и претседателот на српската десница, Миша Вачиќ, кога ја објави својата кандидатура.

На прес-конференција во Белград, Вачиќ рече дека не сакаат „да се обединат со оние чија врховна команда е во странските амбасади, ниту да ја поддржат актуелната власт, туку да покажат дека постои најздравиот дел од народот кој е подготвен да се движи во насока на суверенитет, патриотизам и да покаже дека има голем удел во политичкото постоење на Србија“.

Извор и фото: Нова.рс

Слично

Поврзани вести