Кои се кандидатите кои се пријавиле за позициите во ДИК?
Денеска треба да биде утврдена листата на кандидати на комисијата за избори и именување односно, претседател и членови на Државната изборна комисија.
Досега од познавачите на изборниот процес се пријавиле 37 кандидати за 3-те позиции.
Според она што го соопштија пратениците непосредно пред почетокот на собраниската комисија, за овие три места свои кандидатури поднеле, меѓу другите и професорот Стефан Буџаковски, колумнистот и аналитичар Сотир Костов и новинарот и уредник на политичката редакција на весникот Вест, Горан Трпеноски.
Дел од кандидатите за новиот состав на ДИК се актуелниот состав на ова тело со исклучок на претседателот Никола Рилковски.
Актуелниот состав на ДИК без претседателот Никола Рилковски, како и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева се дел од кандидатите кои се пријавиле за новиот состав на ДИК.
