Кои се и што работеле четворицата потпретседатели на Заев?
Четири потпретседатели промовираше новиот лидер на СДСМ Зоран Заев, кој синоќа Централниот одбор на својата конститутивна седница ги прифати.
Универзитетските професори Ванчо Узунов и Фросина Ременски, Дамјан Манчевски и Александар Кирачовски од Битола се новите потпретседатели на партијата. Пратеникот Оливер Спасовски, како што и се очекуваше е новиот генерален секретар на СДСМ.
Професорката Рената Дескоска Треневска, која првично беше најавувана како потпретседател сепак само ќе претседава со Централниот одбор.
Најголемо изненадување е веројатно името на универзитетската професорка
Фросина Ременски која досега не се споменуваше во ниту една варијанта. Ременски во претходното раковдоство на чие чело беше Црвенковски, можеше да се сретне само како дел од советот за безбедносни прашања и НАТО интеграции.
Ванчо Узунов е универзитетски професор и досега често пати настапуваше во јавноста како жесток критичар на актуелните владини економски политики. Узунов во претходното раководство беше претседател на економско социјалниот совет.
Дамјан Манчевски е долги години во СДСМ. Во јавноста е познат како човек од доверба на Радмила Шеќеринска. Манчевски беше дел од тимот на Шеќеринска кога таа беше и вицепремиер за евроинтеграции пред околу седум години. Името на Манчевски пред седницата на Централниот одбор се споменуваше за функцијата организационен секретар во партијата.
Единствена непознаница за јавноста засега е само името на Александар Кирачовски, за кого дел од јавноста знае само дека е од Битола.
Нови пет члена кооптирани во Централниот одбор
Новиот потпретседател на најголемата опозициона партија СДСМ; Ванчо Узунов, понатаму Петар Атанасов, професорката Татјана Прентовиќ и Гоќо Танасовски исто така зазедоа високи позиции во органите на партијата односно станаа членови на Извршниот одбор.
Меѓу новите лица во Извршниот комитет е и кандидатот за градоначалник на Прилеп на последните локални избори Хари Локвенец, во извршниот се најдоа уште 12-тина други луѓе од партијата, но кои досега не биле на значајна функција во СДСМ.
Раководството на партијата закажа нов конгрес на 30 јуни
Централниот Одбор синоќа донесе одлуката да се одржи и нов, 15-ти конгрес на 30 јуни. На тој конгрес се очекува и измена на стаутот со која измена Радмила Шеќеринска ќе стане заменик-претседател на социјалдемократите.
М.И.

Слично