Кои се главните разлики меѓу богатите и сиромашните?
Наводно не е наша грешка ако се родиме во сиромаштија, но е ако така и умреме, па еве што прават сиромашните , а што богатите како би останале на позициите на кои се.
Бизнис човекот Даниел Али секогаш знаел дека сака да биде богат кога порасне. Во 24 година го заработил својот прв милион.
Бил Гејтс еднаш изјави: „Не е ваша вина ако се родите сиромашни, но е ако и умрете сиромашни“. Иако нема причини да живеете во сиромаштија, бидејќи богатството само чека на вас, размислете што сакате во животот.
Али тврди дека долго се борел со мислењето дека е невозможно да се стане богат. Но откако ги воочил разликите помеѓу мислите и делата на оние кои ги имаат, односно немаат, сфатил дека и тој може да и припаѓа на групата која има.
И затоа направил лица од 10 најголеми разлики меѓу богатите и сиромашните луѓе, пишува Бизнис инсајдер
1а. Сиромашните луѓе се скептични.
1б. Богатите луѓе се полни со доверба.
2а. Сиромашните луѓе наоѓаат мани.
2б. Богатите луѓе наоѓаат успех.
3а. Сиромашните луѓе претпоставуваат.
3б. Богатите луѓе поставуваат прашања.
4а. Сиромашните луѓе велат „тие“.
4б. Богатите луѓе велат„ние“.
5а. Сиромашните луѓе сакаат да пронајдат најефтин начин.
5б. Богатите сакаат да го пронајдат најдобриот начин.
6а. Сиромашните луѓе мислат дека парите се поважни од времето.
6б. Богатите луѓе знаат дека времето е многу поважно од парите.
7а. Сиромашните луѓе се натпреваруваат.
7б. Богатите луѓе создаваат.
8а. Сиромашните луѓе се жалат, осудуваат и критикуваат.
8б. Богатите луѓе ги фалат другите и уживаат во нивните благослови.
9а. Сиромашните луѓе бараат совети од аматери.
9б. Богатите луѓе бараат совети од експерти.
10а. Сиромашните луѓе имаат големо домашно кино.
10б. Богатите луѓе имаат голема домашна библиотека.
