Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се економските титани во Полог

Кои се економските титани во Полог

Тетово – Гостивар 5:2 . Ова е скор од споредба на најуспешни и најголеми фирми во Полог за 2018 година , а примерокот е правен врз основа на приходи од или над 5 милиони евра и добивка од или над еден милион евра. Во најголемите се една странска гринфилд инвестиција од автомобилскиот сектор, по една компанија што произведува градежни материјали, текстил и градежни објекти и три трговски компании

Тетово и Гостивар се големите бизнис центри во Полог, веројатно економски најактивниот регион во Македонија. Секако доколку се исклучи Скопје кој е главен град и според тоа е предодреден да биде економски центар заради силно изразената економска централизација.

Полог на свој начин е економски ривал на Скопје иако ја нема економската на Скопје. Но Полог има свои економски специфики и атрибиту за кои сите што разбираат економија се согласуваат дека е посебно силен. Тоа е се трите фактори: прво најголемиот природен прираст во земјава, најмладо население во земјава и најсилна економска емиграција во земјава која во континуитет вложува во Полог и троши за време на годишните одмори. Два града урбани средини се долгогодишни меѓусебни економски ривали. За воља на вистината во последниве години Тетово почнува да се издвојува со неговиот економски капацитет над Гостивар а тоа го покажуваат и економските индикатори.

Според категоризацијата на „Фактор“ Тетово има 7 компании кои имаат профит еднаков на или поголем од еден милион евра. Гостивар има две такви компании.

Кои се гигантите на Полог?

Леар Цорпоратион компанијата супортер на делови на светските автомобилски гиганти, аквизиција на холандската компанија „Леар Аутомотиве Сервисис“ е најголемата компанија во Полог од аспект на остварени приходи од продажба. Во 2018 година тие изнесуваат 51,4 милиони евра, а добивката е 2,2 милиони евра.

Малотрговската компанија Киппер Маркет е најголемата домашно поседувана компанија во Полог. Во 2018 година нејзиниот приход изнесува 47,9 милиони евра,а остварената добивка е 1,55 милиони евра. Оваа компанија е пандан на „Тинекс“, КАМ, „Веро“, „Кит Го“ „Стокомак“ во градовите на Западна Македонија. Компанијата е сопственост на Висар Јакупи и Алајдин Даути.

Конкурентот од Гостивар „Монтенегро“ специјализирана за друга трговија на мало во неспецијализирани продавници е најдобриот претставник кој ја брани честа на Гостивар во конкуренцијата – најголеми фирми во Полог.
„Монтенегро“ 
остварил приходи од 19,7 милиони евра и добивка од 1,04 милиони евра. Оваа компанија е во сопственост на Јован и на Љубе Пејчинкоски.

Производителот на малтер Пофикс од Тетово е следен на листата најголеми полошки фирми во приход од 14,95 милиони евра и добивка од 1,98 милиони евра. Оваа компанија е во сопственост на членовите на семејството Мемедали: Ертан, Аднан и Исреф.

Гостиварската градежна компанија Пелагонија Гостивар е следна на листата со приход од 8,3 милиони евра и добивка од 1,9 милиони евра.

Тетовската малотрговска компанија Сан Марти е меѓу најголемите пет тетовски фирми со приход од 6,3 милиони евра и профит од половина милион евра. Нејзин сопственик е тетовецот Владо Мартиноски.

И најмал во друштвото на најголемите во Полог е поранешниот текстилен гигант Тетекс од Тетово. Оваа компанија, која кај инвеститорите на берза е прочуена по своите солидни и редовни дивиденди, во 2018 година остварила приход од 5,4 милиони евра и профит од 588.000 евра.


Р.Ф.

Слично

Поврзани вести