Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koи се двете решенија за Косово?

Koи се двете решенија за Косово?

Српскиот претседател, Александар Вучиќ деновиве изјави дека пред Србија се две опции кога е во прашање решавањето на косовскиот проблем, но дека најреален е предлогот за опстанок на замрзнатиот конфликт.

Српскиот претседател наведе дека разговорите меѓу Белград и Приштина ќе бидат продолжени, но не се знае како и во кој формат.

„Најголем број од учесниците на внатрешниот дијалог за Косово се залагаа за зачувување на статус-кво и зачувување на замрзнатиот конфликт, да почекаме некои подобри времиња“- вели Вучиќ.

Вели дека самиот е против таквото решение и дека со текот на времето Србија нема да добие ништо, но затоа другата страна ќе биде во подобра позиција. 

„Кога ќе исполнат сѐ што е потпишано, тогаш ќе бидеме подготвени да ги продолжиме разговорите“- порача Вучиќ.

Вели дека целта на Албанците е по секоја цена го освојат северно Косово и да го остварат својот пат кон суверенитет.

„Намерата им е да не доведат до свршен чин, на ист начин како што Хрватска после акцијата „Бура“ не доведе до свршен чин, и да тоа исто се случи во северно Косово“- рече Вучиќ.

За апсењето на директорот на владината Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ и за упадот на косовските полицијски сили во северно Косово, Вучиќ рече дека целта им беше „да го прикријат протерувањето на лицата поврзани со организацијата на Фетула Ѓулен од Турција“, а тоа воедно беше и мал тест за заземањето на северно Косово“.

Слично

Поврзани вести