Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се двете дами идни вицегувернерки на НБРМ?

Кои се двете дами идни вицегувернерки на НБРМ?

Две дами на врвните позиции ќе и се придружат во тимот на гувернеката Анита Ангеловска-Бежоска.

М-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска се имињата на двете идни вицегувернерки на Народна банка на Македонија а доаѓаат по предлог на Ангеловска-Бежоска откако им истекоа мандатите и беше објавен јавен оглас за избор на двајца кандидати за вицегувернери. 

Богато искуство во кариерите имаат и Нацевска и Митреска.

М-р Емилија Нацевска доаѓа од местото советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции , а веќе ја извршувала вицегувернерската позиција во НБРМ.

Таа го следела процесот за интеграција на Република Македонија во Европската унија и ги координирала активностите во НБРМ за подготовка на потребните инпути во националните документи поврзани со овој процес.

Ана Митреска пак доаѓа од директорското место во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ. 

Од јануари 2011 година досега, директор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во Народната банка на Република Македонија.

Детално биографиите на двете вицегувернерки може да ги погледнете тука.

Слично

Поврзани вести