Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се домашните кралеви на млекото?

Кои се домашните кралеви на млекото?

Од мноштвото домашни производители на млечни производи лани само еден имал профит што надминува еден милион евра, а само две компании имале приход од продажба поголем од 10 милиони евра.

Македонија лани имала 13 компании специјализирани за производство на производи од млеко и сирење кои работеле со добивка , секоја од нив направила приход од најмалку 2 милиони евра, и оствариле вкупен приход што надминува 110 милиони евра. Оваа индустрија е многу значајна за расположението на домашните фармери чие расположение или поточно речено негодување често во нашето живеење создавало главоболки на владеачките гарнитури.

Иако сме увозно зависни за млеко и млечни производи сепак во нашата млечна индустрија има „тешкаши“ од кои еден е регионален голем играч на пазарот на млечни проиводи и сирења. Структурата на приходите на наголемите 16 млекарски компании покажува дека само две од нив имаат приходи поголеми од 10 милиони евра, а една од нив во приходот на сите 16 големи млекарници учествува со повеќе од 40 отсто.

„Млекара Битола“ е убедливо најголемата и најсилната домашна компанија во дејноста производство на млечни производи и сирење. Оваа и историски гледано со децении наназад важи за најголема домашна компанија во оваа индустрија. Лани нејзиниот приход изнесувал 48 милиони евра и е за 24 отсто поголем од 2018 година. Нејзината добивка е 2,9 милиони евра и е за 29 отсто повисока од претходната година.

Втора најголема компанија од оваа индустрија е Здравје Радово, сопственост на битолскиот агрокомбинат „Пелагонија“. Ова друштво лани има приход од 10,9 милиони евра што е за 44 отсто послаб резултат од 2018 година. Мината година ја завршиле со загуба од 1,8 милиони евра.

Во големата тројка, ако така може да се каже макар и условно, е кумановската млечна индустрија Бучен Козјак фирма сопственост на две домашни физички лица: Снежана Станојковиќ и Слободан Стојковски. Ова друштво лани книжи раст на приходите за 23 отсто до износ од 8,5 милиони евра и 281.000 евра профит што е пад за 40 отсто во однос на претходната година.

Следен е Лацталис Мк, аквизиција на хрватски „Дукат“ со приход од 6,7 милиони евра што е раст од 19 отсто и профит од 72.000 евра. Најблизу е друга компанија поседувана од странската фирма „Суташ“ од Турција. Тоа е скопската млекарница Евро Млекара. Лани нејзините приходи изнесуваат 5,9 милиони евра што е за 11 отсто повеќе од 2018 година, а друштвото завршило со загуба од 3,8 милиони евра.
Со приход повисок од 5 милиони евра лани била уште само Сентисаг млекарница сопственост на Сервет Ќазими со приход од 5,6 милиони евра и добивка од 42.000 евра. Интересно е тоа што исто како и кај „Бучен Козјак“ и Сентисаг има раст на приходите, а пад на добивката.

Во поголемите домашни млекарници се и следниве компании:



Слично

Поврзани вести