Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се домашните фирми кои плаќаат најголеми камати на банките?

Кои се домашните фирми кои плаќаат најголеми камати на банките?

Кога вложувате во акции секогаш имајте ги во предвид и финансиските текови кои во основа може да ги процените преку нивоата на финансиски приходи и на финансиски расходи дадени во кварталните извештаи. За подобра слика, секогаш споредете ги финансиските расходи со приходите од продажба, а видете го и трендот на раст или пад на финансиски расходи

„Арчелор Миттал ХРМ“ е компанија со најголеми финансиски расходи во споредба со повеќе од 50 компании кои објавуваат полугодишни  финансиски извештаи на Македонската берза. Од расположливите податоци се гледа дека кај големите градежници најмали финансиски расходи има „Гранит“ во споредба со „Бетон Штип“ и со Бетон Скопје“, најголем раст на финансиските расходи има скопската кондиторска индустрија „Европа“, пред „Макстил“ и ФЗЦ 11 Октомври од Куманово.

 Сите инвеститори кои тргуваат со акции на берзата секогаш треба да ги следат и споредуваат параметрите кои можат да се видат во финансиските расходи и приходи на компаниите. Во најголема мерка финансиските расходи на компаниите се резултат на трошоците што компаниите ги имаат за камати за нивните кредити.

Од финансиските расходи инвеститорите можат да извлечат заклучок за финансиската кондиција на компаниите, за нивото на нивната кредитна изложеност и за тоа каква деловна политика водат во односите со банките.

Компанија

Финансиски расходи
(во мил. денари)

Зголемување или намалување во %

Арчелор Митал ХРМ

85

+ 4%

Макстил

57,7

+39%

Макед.Телеком

40,9

+19%

Макпетрол

39,2

- 31%

Топлификација

33,7

+17%

Тиквеш

30,1

-2%

Тут.комб.Прилеп

27

+8%

ФЗЦ Куманово

26,4

+98%

Скопски пазар

20,6

+2%

Бетон Скопје

20,2

-4%

ЗК „Пелагонија„

19,1

+2%

Жито Лукс

17,05

-6%

Европа

16,8

+378%

Бетон Штип

12

+23%

Гранит

10,34

+27%

Пелистерка

9,1

-4%

Фершпед

7,65

-38%

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести