Кои се членовите на ад-хок телото за медиуми?
Ад-хок телото за медиуми се состои од четири члена.
Слаѓана Димишкова од „Вест“, Горан Трпеновски од истиот медиум, Цветин Чилиманов од МИА , и Љубомир Костовски од онлајн неделникот „Глобус“, се четворицата членови на ад-хок телото кои ги предложија партиите, велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Двајца се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски и Костовски се предлог на СДСМ.
Во согласност со измените на Изборниот законик, петтиот член кој не е по партиски предлог, четворицата партиски претставници треба да го договорат, а директорот на агенцијата да го назначи најдоцна 15 дена по нивното именување.
Целата оваа процедура треба да заврши до 20 месецов.
Ад хок телото ќе работи до крајот на предвремените избори и ќе ги контролира медиумите.
