Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се барањата на Хајндл?

Кои се барањата на Хајндл?

Германскиот посредник,  Јоханес Хајндл вчера на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, побарал повлекување на аболицијата од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, реформи во медиумите и прочистување на Избирачкиот список.

Тој денеска ќе се сретне со лидерите на другите  партии потписнички на договорот од Пржино, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Груевски по средбата со Хајндл рече дека се посветени кон изнаоѓање решенија, за излез од политичката криза. Тој посочи дека се потребни волја и посветеност на сите субјекти, како и нивна активна партиципација и искрен пристап.

Од ДУИ синоќа најавија дека деновиве ќе преземат мерки за свикување на Собранието.

Слично

Поврзани вести