Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се акционери и членови на Управен одбор во Тиквеш?

Кои се акционери и членови на Управен одбор во Тиквеш?

Винарската визба Тиквеш во Годишниот извештај, објавен на Македонската берза, ја објави и акционерската структура.

Акционери со учество над 5% во основната главнина на ВВ „Тиквеш“ се: „M-6 Светлана и останати“ со 216.589 акции и 80,08% учество во основната главнина.

Од членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Тиквеш, акционери се Тихомир Атанасовски, со 4,643 акции (1,71% од главнината), Ангеле Чолевски со 2,967 акции (1,09% од главнината) и Љупчо Крстевски со 2,545 акции (0,94% од главнината).

Во Годишниот извештај за 2015 година, објавен на Македонската берза, винарската визба Тиквеш објави податоци за примањата на членовите на Управниот одбор.

Управниот одбор на Тиквеш има седум членови.

„Сите членови имаат богато професионално искуство, доминантно на извршни позиции во „Пивара“ АД Скопје, како и во интернационални компании. Своето долгогодишно искуство и знаење го пренесуваат и го практикуваат при носењето клучни деловни политики во раководењето со ВВ „Тиквеш“- пишува во извештајот.

Претседателот на Управниот одбор е Светозар Јаневски.

Во графата објавена во извештајот стои дека тој има заснован работен однос во M6-Светлана и останати, ДОО Скопје, каде неговите примања изнесуваат 1.433.519 денари.

Член на Управниот одбор е и Мате Настески, кој има заснован работен однос во M6-Светлана и останати и е член на Одборот на директори на „Охрид турист“ АД.

Во примањата во други друштва стои дека Настески има примања од 1.433.519 денари.

Членот на Управниот одбор, Снежана Славкова има заснован работен однос во M6-Светлана и останати.

По основ на вработувања во други друштва има примања од 1.433.519 денари.

Игор Илиевски, член на Управниот одбор и Генерален директор, има примања од 5.508.160 денари.

Тој е и член на Надзорниот одбор на Пакомак.

По основ на членство во други друштва има примања од 13.889 денари.

Член на Управниот одбор е и Џон Јоновски, кој е и член на Надзорниот одбор на МГИ Експорт-импорт.

Членови на Управниот одбор на Тиквеш се и Ангеле Чолевски и Љупчо Крстевски, кој е и советник на Генералниот директор за квалитет и е член на Надзорниот одбор на Одбојкарската федерација.

Слично

Поврзани вести