Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОИ СЕ 20-ТЕ НАЈПОСАКУВАНИ РАБОТОДАВЦИ: 13 години по ред една компанија е на врвот

КОИ СЕ 20-ТЕ НАЈПОСАКУВАНИ РАБОТОДАВЦИ: 13 години по ред една компанија е на врвот

„МојПосао“ осумнаесетта година по ред истражува кои се најпосакуваните работодавци во Хрватска според јавното мислење. Во истражувањето спроведено за 2021 и 2022 година учествувале повеќе од 24.000 испитаници, наведува Н1.

На самиот трон, тринаесетта година по ред најпосакуван работодавач во Хрватска е компанијата DM-drogerie markt со 19,08% поени. На второ место на листата на најпосакувани работодавци е ЛИДЛ Хрватска со 5,57% поени, а на трето е домашната компанија - Римац Груп со 4,44% поени.

Загребачка банка и Кончар годинава се најдоа меѓу 20-те најатрактивни работодавачи, а извесен период не беа меѓу најпосакуваните 20.

За разлика од минатите години, кога хармоничните односи на работното место беа најважниот фактор за оценување на степенот на привлечност на одреден работодавач, во последните две години најмногу „пресудни“ гласови беа безбедноста на работното место (43%). Хармоничните односи на работното место и годинава се на второ место (за 40% од испитаниците тоа е пресудна причина за привлечност), додека на трето место, исто како и минатата година, е општествената одговорност на работодавачот (37%).



Слично

Поврзани вести