Кои региони во Европа имаат најмногу сиромашни?
Во Европската Унија(EУ), 16,2 проценти од луѓето (72,1 милиони луѓе) биле изложени на ризик од сиромаштија минатата година, објави Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ наведува дека ова е точно ист процент како и во 2023 година.
На регионално ниво, 10 области во Европската Унија имале удел на луѓе изложени на ризик од сиромаштија над 30 проценти.
Највисоки бројки се забележани во најоддалечениот регион на Франција, Гвајана, каде што повеќе од половина (53,3 проценти) од луѓето биле изложени на ризик од сиромаштија, по што следуваат шпанскиот регион Сиудад де Мелиља (41,4) во Шпанија и Калабрија во Италија (37,2).
Спротивно на тоа, стапки под 10 проценти се забележани во 28 региони на Европската Унија.
Романскиот Букурешт - Илфов е водечки по ризик од сиромаштија (3,7 проценти), пред белгиската покраина Источна Фландрија (5,4) и италијанскиот автономен регион Болкано/Боцен (5,9).
foto freepik.com
