Кои производи најмногу поскапеа во Германија?
Енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток го забрза новиот глобален шок и порастот на цените на храната.
Во Хрватска, потрошувачката кошничка, односно основната кошничка за храна и хигиена, која вклучува 51 неопходен производ, поскапе во март. Нејзиниот национален просек изнесуваше 489,53 евра, што е за 3,55 евра повеќе отколку во февруари.
Порастот на цените на храната добива алармантни размери и во Германија. Имено, од 2020 година, цените на прехранбените производи се зголемија за дури 37 проценти, што е значително повисоко од општата стапка на инфлација од 23 проценти, пишува списанието „Феникс“.
Сепак, федералната влада досега во голема мера го игнорираше проблемот, иако постојат конкретни мерки што би можеле да го ублажат зголемувањето на цените.
За Ванеса, самохрана мајка од Тирингија, купувањето основни намирници станува сè поголем предизвик.
„Секој ден чувствувам колку поскап стана животот“, изјави оваа дваесет и деветгодишна девојка за онлајн „Фокус“.Податоците од статистичките институции го потврдуваат нејзиниот впечаток - цените на храната растат многу побрзо од вкупните трошоци за живот, што особено ги погодува домаќинствата со пониски приходи.
Најголеми зголемувања на цените се забележани кај следниве производи:
Конзервирано овошје: +81 oтсто
Какао во прав: +76 отсто
Чоколадо: +72 отсто
Замрзнато овошје и зеленчук: +58 отсто
Говедско месо, сончогледово и маслиново масло, маргарин: повеќе од +50 отсто
Од друга страна, само околу 15 проценти од производите поскапеа помалку од инфлацијата. Меѓу нив се компирите, солта, морските плодови, виното, ликери и чајот.
