Кои професии се најмалку платени во Македонија?
Во земјава има работници во повеќе сектори кои земаат минимални или за нијанска повисоки плати.
Кои професии се најмалку платени може да се види од податоците на Државниот завод за статистика. Вработените во заштитни и истражни дејности во ноември лани имале просечна плата од 15.249 денари. Потоа следуваат дејностите: производство на кожа и слични производи од кожа (16.644 денари), туристички агенции и туроператори (16.995 денари), подготовка на оброци и служење на храна (17.447 денари) и производство на облека (17.606 денари).
Од друга страна, програмерите земаат највисоки плати, над 66.000 денари нето.
Слично
