Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои претпријатија генерираат суфицит, а кои дефицит во размената на стоки?

Кои претпријатија генерираат суфицит, а кои дефицит во размената на стоки?

Суфицитот во размената на стоки главно е генериран од претпријатијата што му припаѓаат на секторот индустрија, а дефицитот од претпријатијата што му припаѓаат на секторот трговија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Повеќе од 87% од вкупната стоковна размена на Република Македонија е реализирана од претпријатијата вклучени во двата протока на стоки.

Околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите 100 претпријатија.

На страната на извозот, кај претпријатијата што се јавуваат како извозник и увозник истовремено, највисока вредност на извозот е реализирана од претпријатијата од секторот индустрија (84.0% од вкупниот извоз).

Кај увозот се забележува истата појава, односно 47.7% од вкупниот увоз е реализиран од претпријатијата што се јавуваат како увозник и извозник истовремено од секторот индустрија.

На страната на извозот, микропретпријатијата (1-9 вработени) имаат најголемо учество во структурата на стоковната размена според бројот на претпријатија и тие учествуваат во создавањето на вредноста на трговската размена во секторот трговија со 46%. 

Големите претпријатија со над 250 вработени, покрај нивното незначително учество во структурата на размената според бројот на претпријатија, во создавањето на вредноста учествуваат со 62.9%. Ова учество се должи на претпријатијата од секторот индустрија кои во вкупната структура учествуваат со 71.2%.


Слично

Поврзани вести