Кои непродуктивни трошоци ќе бидат скратени во буџетот?
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа изјави дека од буџетот ќе бидат скратени дополнителни 100 милиони евра непродуктивни трошоци.
Тој додаде дека ова се дополнителни кратења на веќе предвиденото кратење на тековните расходи од осум проценти и дополнителните мерки за ограничување на трошоците за репрезентација и патувања.
„Во моментов, работиме на ребалансот на Буџетот. Завршена е расходната страна и ќе има кратење на дополнителни 100 милиони евра непродуктивни трошоци“, рече Ковачевски во централниот дневник на телевизија „Сител“.
За преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура и нивните барања, Ковачевски изрази уверување дека процесот на разговори ќе даде резултат и дека ќе се најде методолгија за постојан раст на платите.
