Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koи намирници поскапеа во светот?

Koи намирници поскапеа во светот?

Во мај, светските цени на храната биле блиску до тригодишниот максимум и покрај малиот пад, а цените на житарките и шеќерот значително се зголемија, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на житарките се зголеми за 2,6 проценти во споредба со април, на 114,3 поени, а сите главни житарки пораснаа по цена.

Посебен притисок дојде од пазарот на пченица, каде што цените продолжија да растат четврти месец по ред.

Како главни причини се наведуваат послабите приноси во клучните земји извознички, вклучувајќи ги и САД, како и зголемувањето на трошоците за гориво и ѓубрива на глобално ниво.

Силен раст е забележан и кај шеќерот, чии цени скокнаа за 7,5 проценти на 95,1 поен, бидејќи инвеститорите се загрижени за можно намалување на глобалната понуда во наредните месеци.

Растот е поврзан со повисоките цени на нафтата и очекувањата дека Бразил ќе насочи повеќе шеќерна трска кон производство на етанол.

Цените на месото се зголемија за 0,1 процент. Најголем пад е забележан кај растителните масла, каде што цените се намалија за 4,6 проценти.

Слично

Поврзани вести