Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои Министри од СДСМ денес ќе седнат во министерско столче?

Кои Министри од СДСМ денес ќе седнат во министерско столче?

Согласно Пржинските договори во текот на денешната Собраниска седница треба да се именуваат новите министри од преодната влада.

На новото министерско столче во МВР ќе седне  Оливер Спасовски од СДСМ, а неговата сопартијка Фросина Ременски ја зема позицијата министер за труд и социјална политика.

Спасовски седнува на местото на досегашниот министер Митко Чавков, додека Ременски на местото на Диме Спасов.

Вчера Чавков и Спасов до Владата и премиерот поднесоа оствки, а претседателот Иванов  ги потпишал указите .

Како ќе функционираат новите министри во преодната влада  ?

Во законот од Пржино е прецизирано дека министерот за внатрешни работи може да разрешува, распоредува, на исто ниво, на различно ниво, одредени раководни лица.

Спасовски најави дека ќе ја департизира полицијата и ќе направи од неа сервис на граѓаните.

Сите професионалци би требало да останат на своите работни места и нужни промени нема да има .

Тој рече дека вработените немаат потреба да се плашат, бидејќи сите професионалци ќе останат на своите работни места, но нужни промени ќе има.

Исто така се очекува дека Спасовски ќе обезбеди логистика за добра соработка на МВР со новото јавно обвинителство, а секако и да осздаде услови во рамките на своите надлежности за одржување на фер избори во април.

Други министри кои ќе заземат министерски позиции се Кире Наумов кој настапува на позицијата заменик-министер за финансии, Љупчо Николовски ќе биде заменик-министер за земјоделие, додека заменик-министер за информатичко општество и администрација е изберен Александар Кирацовски.

Овие кадровски решенија ги  предложи опозициската СДСМ и истите беа прифатени од владеачката гарнитура а денес истите се очекува, како што споменавме да бидат изберени од пратениците.

Слично

Поврзани вести