Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kои министри ќе добијат повисоки плати?

Kои министри ќе добијат повисоки плати?

На повидок е зголемување на платите на пет министри. 

До Собрание е доставен предлог закон за покачување на платите на вицепремиерите за 8.000 денари.

Согласно ова, разликата во платата ќе изнесува 8.027 денари во бруто изнoс или за 5 вицепрмеиери, Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, за 12 месеци 482.620 денари.

Со измените на Законот плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија поднесени до Собранието, коефициентот за утврдување плата на заменик претседател на Влада ќе се пресметува со коефициент 4 наместо 3, 70.

Тоа даночните обврзници ќе ги чини 500.000 денари на годишно ниво.

Министерот Спасовски досега земаше најголема плата, од 92.299 денари, сега ќе зима повеќе од 100.000 денари плата.

Министерката Шекеринска од 79.150 денари, ќе добива плата од 87 илјади денари.

Анѓушев платата ја донира на сиромашни граѓани, а Лика беше критикуван дека не доаѓа на работа. 

Слично

Поврзани вести