Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои министри ќе ја сочинуваат Техничката Влада?

Кои министри ќе ја сочинуваат Техничката Влада?

Најдоцна до 11-ти септември се очекува новата Влада да го добие мандатот за организирање на изборите на 11-ти декември, пишува Коха.

Ова ке важи само ако лидерите на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, Никола Груевски, Али Ахмети, Зоран Заев и Мендух Тачи, се согласат на 31 август дека се исполнети условите за избори. За разлика од претходните датуми, овој пат датумот 11 декември се очекува да помине со 110 гласа во Парламент за менување по трет пат на Изборниот Законик. Емил Димитриев, актуелниот премиер, според законот за влада врз основа на Договорот од Пржино, 100 дена пред избори се очекува повторно да има техничка улога.

Од друга страна, СДСМ пак се очекува да го врати за себе Министерството за внатрешни работи на чело со Оливер Спасовски исто така и Министерството за труд и социјална политика со Фросина Ременски, додека на функциите дополнителни заменици министри во Министерството за финансии, јавна Администрација и информатичко општество и тоа за земјоделство, ке се вратат Кире Наумов, Александар Кирацовски односно Љупчо Николовски. Очигледно, ВМРО и ДУИ не се очекува да направат измени во досегашните имиња во Владата, додека новост според последниот политички договор е, дека после објавување на резултатите, министрите од СДСМ и замениците министри ќе треба да дадат оставки, додека сите овластувања на министерот за внатрешни Работи и на тој од социјална политика ќе ги имаат нивните заменици до формирање на новата Влада која ќе произлезе од гласовите на изборите од 11 декември.

Слично

Поврзани вести