Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои ќе бидат приоритетите на Миновски?

Кои ќе бидат приоритетите на Миновски?

Новиот министер за финансии, Кирил Миновски денеска изјави дека приоритети ќе му бидат отварање на нови работни места, економскиот раст, инвестиции.

Тој денеска беше избран за министер за финансии на Република Македонија по оставката од здравствени причини на Зоран Ставрески.

„Извршувањето на функцијата министер за финансии за мене претставува огромна чест и секако, одговорност. Главен приоритет за мене како министер за финансии на Република Македонија ќе претставува процесот на креирање нови работни места, економскиот раст, инвестициите, унапредувањето на животниот стандард на граѓаните и подобрување на деловното опкружување на компаниите во Република Македонија“ - вели Миновски.

Миновски е доктор на економски науки и зад себе има  17-годишно искуство на полето на финансии.

Беше директор на Управата за јавни приходи од 2015 година, а претходно од мај 2014 до ноември 2015 година беше директор на Државниот пазарен инспекторат.

Слично

Поврзани вести