Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои ќе бидат најпопуларните професии по 10 години?

Кои ќе бидат најпопуларните професии по 10 години?

Експертите сметаат дека 65 проценти од децата од следната генерација ќе имаат работни места кои не се дури ни создадени.

Треба да се има в предвид дека многу од најпопуларните работни места денес ќе бидат отстранети поради развојот на технологијата.

Еве кои се професиите на иднината:

оператор на дронови

Имајќи ја в предвид популарноста на овие летечки машини, во иднина ќе бидат насекаде и ќе се користат за сè - од снимање на филмови преку снабдување, се до до судски истраги. Кога тоа ќе се случи, ќе има и огромна потреба од луѓе кои можат да управуваат со овие нови помагала.

советник за дигитални валути

Без разлика дали ви се допаѓа биткоин или не, дигиталните валути се во пораст, бидејќи се повеќе луѓе не им веруваат на централните банки. За да има кој да управува со вашето финансиско портфолио по некоја година, задолжително ќе ви требаат специјалисти.

дигитален клучар

Кога дигиталните брави ќе станат стандард, ќе требаат луѓе кои ќе ни помагаат. Но, бидејќи ниедна технологија не е совршена, нивните услуги ќе будат скапи.

Слично

Поврзани вести