Кои индустриски сектори имаат најголем раст на работници?
Бројот на работниците во индустријата во ноември 2018 година во однос на истиот месец лани е зголемен за 3,5 отсто, а на годишно ниво расто изнесува 6,3 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст од 1,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3 отсто, Капитални производи за 21,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто.
