Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои индустриски производи поскапеле, а кои се поевтини?

Кои индустриски производи поскапеле, а кои се поевтини?

Во октомври 2016, продажните цени на производителите  на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.1% на месечно ниво и за 0.2% на годишно 
ниво.

Ова се гледа од податоците на Државниот завод за статистика. 

Во октомври 2016, во споредба со септември годинава, продажните цени на производителите на индустриски  производи на домашниот пазар се пониски во групите интермедијарни производи освен енергија за 0.2%, енергија за 0.1%, Капитални производи за 0.1% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1%, додека 
во групата трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во октомври 2016, во споредба со октомври 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски  производи на домашниот пазар се пониски во групите интермедијарни производи освен енергија за 3.3% и во  групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1%.

Гледано по месеци се зголемило снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа, климатизација, производство на хартија, производство на мебел, електрична опрема и друго. 


Слично

Поврзани вести