Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ТРУПААТ БОГАТСТВОТО: Граѓаните на најсилната економија стануваат се побогати

ГО ТРУПААТ БОГАТСТВОТО: Граѓаните на најсилната економија стануваат се побогати

Во економски најсилната држава во Европа расте бројот на се побогати жители.  Најновите студии покажуваат дека иако расте бројот на богати германци, сепак има и голем процент на жители кои немаат ниту сопствен дом, односно живеат под кирија.

Само 10 одсто од најбогатите семејствата во Германија поседуваат дури 55 проценти од движен и недвижен имот, се наведува во студијата.

Според Бундесбанк, зголемувањето на богатството е особено важно за сопствениците на недвижнини, кои имаат корист од силниот раст на цените во овој сектор во последниве неколку години.

Во Германија само 44 проценти од домаќинствата поседуваат сопствен имот, па помалку луѓе имаат корист од ова зголемување на богатството.

Богатството на германските граѓани, исто така, се зголеми поради растот на платите и падот на бројот на невработени, па сега луѓето можат да "остават настрана", односно повеќе да штедат .

Во просек, секое домаќинство во Германија во 2017 година поседувало 232.800 евра, што е 18.300 повеќе отколку во 2014 година, кога беше спроведена последната студија од овој тип.

Слично

Поврзани вести