Кои градови во регионот се евтини за домување?
Белград е на петтото место на листата на градови кои се најмалку достапни за самци во однос на трошоците за домување, според резултатите од истражувањето на британскиот финансиски портал Tradingpedia за 2026 година.
Достапноста на домување останува една од најзабележителните линии на поделба меѓу европските метрополи во 2026 година, е заклучокот на ова истражување.
Лисабон е градот со најмалку прифатливо домување за станари, бидејќи месечните трошоци за опремена гарсониера од 45 квадратни метри, вклучувајќи комунални услуги и интернет, изнесуваат во просек 1.226 евра, што е дури 91,3 проценти од просечната месечна плата во градот од 1.343 евра, според текстот на овој британски портал.
Во Варшава, истиот стан, заедно со комуналните услуги и основните домашни потреби, чини во просек 1.303 евра месечно, или 68,2 проценти од просечниот локален приход.
Тирана е исто така меѓу градовите со најмалку прифатливи цени за домување, каде што трошоците за кирија и комуналии во просек изнесуваат 504 евра месечно, што „јаде“ 66,3 проценти од просечната плата.Според основните месечни трошоци, Сараево е најевтиниот европски главен град во 2026 година, со просечни месечни трошоци за живот по лице од само 584 евра, покажуваат податоците на британскиот финансиски портал.
Месечните трошоци за домување за лице кое изнајмува наместено студио од 45 квадратни метри, вклучувајќи ги вообичаените сметки, интернет и основни домашни потреби, изнесуваат во просек 337 евра, што е најниска сума меѓу сите европски метрополи.
Според истражувањето, Подгорица ја заокружува листата на најевтини европски метрополи, со проценети месечни трошоци за живот од вкупно 760 евра. Главниот град на Црна Гора комбинира умерени трошоци за домување од околу 443 евра месечно со релативно прифатливи цени на храната, при што основната потрошувачка кошничка чини во просек околу 110 евра месечно. И покрај порастот на цените низ цела Европа, Подгорица сè уште останува една од најевтините метрополи на континентот.
foto printskrin youtube
