Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОИ ГОРИВА ПОСКАПУВААТ, А КОИ ПОЕВТИНУВААТ - еве ги новите цени на Регулаторна

КОИ ГОРИВА ПОСКАПУВААТ, А КОИ ПОЕВТИНУВААТ - еве ги новите цени на Регулаторна

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на  Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,5 денари за литар, додека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,5 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

 „Поради растот на цени на нафтените деривати на светските берзи изминатата недела донесовме одлука за зголемување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 0,34 отсто. Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 1,00 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на  Екстра лесното масло согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите* за време на вонредна состојба поради што во крајната цена кај овие нафтени деривати има намалување“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Од 22.12.2020 годинаод 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95            60,50 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98             62,50  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)           53,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)        53,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС  28,837  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 3,916 отсто, дизелотза 2,841 отсто, екстра лесното масло има зголемување во просек за 3,412 отсто и кај мазутот од 3,348 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизок за 0,369 проценти.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.12.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Слично

Поврзани вести