Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои фирми ги вртат најголемите пари во Македонија?

Кои фирми ги вртат најголемите пари во Македонија?

На листата најголеми компании според остварените приходи владее силно изразена исклучивост. Прворангираната, седморангираната и деветорангираната се три странски инвестиции (гринфилд) кои се тука само физички и немаат допирна точка со македонската економија затоа што се оди во извоз. Компаниите рангирани од второто до шестото место како и тие поставени на осмо и на девето место се ориентирани исклучиво или доминантно на македонскиот пазар и меѓу нив нема ниту една извозно ориентирана домашна компанија. Во најголемите десет компании има една државна фирма и една доминантно поседувана приватна домашна фирма 

Официјалната листа на најголемите македонски компании според остварени приходи покажува дека најголемите пари се вртат во бизнисот на нафта и нафтени деривати, бизнисот со електрична енергија и телекомуникациите.

Убедливо најголема компанија во Македонија, која е вон конкуренцијата и има само статистички импакт врз македонската економија е гигантот Џонсон Мети компанија која внесува компоненти па проиведува и извезува авотмобилски катализатори. Таа компанија лани има приход од 1,48 милијарди евра.

Најголеми македонски компании , според остварените приходи лани се: ЕВН Македонија и скопската компанија ОКТА. За нијанса поголеми приходи лани остварила ЕВН Македонија и тие достигнале 387,5 милиони евра. ЕВН Македонија е фирма мајка на ЕВН Електродистибуција (компанија која оперира со дистрибутивниот електроенергетски систем) и која исто така се наоѓа во најголемите 10 македонски компании со остварен приход од продажба во износ од 146,8 милиони евра.

ОКТА лани остварила приход од 375,9 милиони евра и е најголем продавач на нафтени деривати во земјава. Најголемата компанија во сопственост на домашни акционери е „Макпетрол“ и таа е четврторангирана со промет од 304 милиони евра. Воедно „Макпетрол“ е еден од најголемите клиенти на ОКТА. На листата има само една државна компанија. Тоа е ЕЛЕМ, најголемиот македонски производител на струја кој има приход од 218,3 милиони евра. Најголемиот телекомуникациски оператор „Македонски телеком“ лани оствари приход од 168,6 милиони евра. На седмото и на деветото место се извозно ориентираните странски фирми „Кромберт и Шуберт“ со приход од 150,97 милиони евра и производителот на автобуси „Вах Хол“ кој остварил приход од 134,4 милиони евра. Во друштвото на најголемите 10 компании е македонската филијала на слвенечкиот регионален гигант за трговија со струја „ГЕН-И Продажба на енергија“. Оваа компанија лани остварила приход 122,2 милиони евра и најголем дел од тие средста се од електрична енергија која транзитира низ Македонија.

Честа на домашно-поседувани извозно ориентирани компании на листата на 100 најголеми македонски фирми ја брани „Алкалоид“ со приход од 113,6 милиони евра. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести