Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои фактори доведоа до зајакнување на доларот?

Кои фактори доведоа до зајакнување на доларот?

На светските девизни пазари вредноста на доларот минатата недела достигна највисока вредност во последните 13 и пол години. 

Односот на еврото кон доларот минатата недела падна за 2,5%, на 1,0590 долари, а во еден момент достигна вредност од 1,0567. Доларот зајакна и во однос на јапонскиот јен на 110,90 јени, што е највисоко ниво во изминатите пет и пол месеци. Во изминатите две недели доларот во однос на јенот зајакна за 7,5%, што е најголемо зголемување на вредноста од јануари 1988 година.

Доларот зајакна и кон другите валути, па неговиот индекс кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на кошничката од шест најважни светски валути, минатата недела достигна 101,48 бодови, највисоко ниво од април 2003 година.

Се очекува Федералните резерви на САД (ФЕД) да ја зголемат основната каматна стапка до крајот на годината.

Зајакнувањето на доларот е поради растот на приносот на американските обврзници, со оглед дека се очекува зголемување на каматите од страна на ФЕД и зголемување на инфлацијата.

По победата на Трамп на претседателските избори во САД, приносите на американските обврзници  силно пораснаа. Состојбата е таква поради неговите најавени политики, како воведување на високи царини на увозните производи, преку вложување во инфраструктура до зголемување на фискалната потрошувачка и намалување на даноците, би можеле да ја зголемат инфлацијата.



Слично

Поврзани вести