Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои европски земји сега се со најниска инфлација?

Кои европски земји сега се со најниска инфлација?

Инфлацијата во Европската Унија(ЕУ) се намали на 2,5 проценти, а Романија e рекордер со висока инфлација. 

Инфлацијата во Еврозоната во октомври на годишно ниво падна на 2,1 процент, од 2,2 проценти во септември, додека на ниво на Европската Унија е 2,5 проценти, објави  Евростат.

Најниски стапки на инфлација во октомври имаше во Кипар 0,2, во Франција 0,8 и во Италија 1,3 проценти, додека рекордери се Романија со 8,4, Естонија со 4,5 и Латвија со 4,3 проценти.

Во споредба со септември, инфлацијата се намали во 15 земји-членки, остана на исто ниво во три, а се зголеми во девет земји.

Најголем придонес кон инфлацијата во Еврозоната имаше секторот на услуги со раст од 1,54 проценти, по што следуваат храната, алкохолот и тутунот со 0,48 проценти и неенергетските индустриски производи со 0,16 проценти.

Цените на енергијата беа намалени за симболични 0,08 проценти во октомври, со што се потврдува трендот на стабилизација и пад на цените во тој сектор.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести