Kои европски земји имаат највисок БДП?
Податоците на Евростат за 2025 година покажуваат значителни разлики во економскиот стандард меѓу членките на Европската Унија, мерено преку БДП по жител според куповната моќ.
На врвот на листата е Луксембург, додека на дното се Бугарија и Грција, со разлика од околу три и пол пати помеѓу најбогатите и најсиромашните. Заедно со Луксембург, се издвојува и Ирска, додека Холандија, Данска и Австрија исто така бележат висок стандард.
Германија, Белгија, Шведска, Малта и Финска се исто така над просекот. Од најголемите економии, само Германија е над просекот, Франција е околу просекот, додека Италија и Шпанија се под него. Во групата земји со понизок стандард се Хрватска, Латвија, Словачка и Унгарија, додека Романија и Естонија се поблиску до просекот. Полска и Португалија се меѓу пониско рангираните.
Просечниот БДП по жител во ЕУ изнесувал околу 41.600 евра. Сепак, високите вредности во Луксембург и Ирска се делумно резултат на специфични фактори - голем број странски работници и присуство на мултинационални компании. Поголемиот дел од граѓаните на ЕУ живеат во земји под просекот, бидејќи само 10 од 27-те земји-членки се над него. Земјите кандидати заостануваат уште повеќе: Србија е на околу 52 проценти од просекот на ЕУ, Босна и Херцеговина на 35 проценти, Албанија и Северна Македонија на околу 42 проценти, Црна Гора на 53 проценти, додека Турција е поблиску до просекот од околу 72 проценти, пренесува Каматица.
Иако БДП често се користи како мерка за богатство, експертите истакнуваат дека реалната индивидуална потрошувачка е попрецизен показател за животниот стандард на граѓаните.
foto freepik.com
