Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Просечната материјална благосостојба на домаќинствата во Европската Унија(EУ) значително се разликува и е највисока во Луксембург, а најниска во Латвија, објави денеска Заводот за статистика на ЕУ (Евростат). Нивоата на реална индивидуална потрошувачка (RPC) во 2024 година во земјите од ЕУ варираат помеѓу 72 и 146 проценти во споредба со просекот, кој беше утврден на 100.

Луксембург е лидер со ниво од 46 проценти над просекот на Европската Унија, по што следуваат Холандија (20 проценти) и Германија (19 проценти).

Најниски нивоа на БДП по глава на жител се забележани во Латвија (28 проценти под просекот на ЕУ), Бугарија и Унгарија (и двете по 27 проценти).

Највисок БДП по глава на жител повторно е забележан во Луксембург (245 проценти од просекот на ЕУ), по што следат Ирска и Холандија (134 проценти).

БДП по глава на жител се изразува во стандарди на куповна моќ и се користи како мерка за материјалната благосостојба на домаќинствата.

Минатата година, 10 земји регистрираа БДП по глава на жител еднаков или над просекот на ЕУ.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести