Кои европски банки прават најмногу зделки за лоши кредити?
Од почетокот на годината до 30 јуни трансакциите за лоши кредити во Европа биле повеќе од оние за целата 2015 година . Растот е стимулиран од обидите на италијанските банки да го прочистат билансот, посочуваат од консултантската компанија Deloitte LLP, пренесува Bloomberg.
Во првото полугодие банките договориле зделки за 112 милијарди eвра во споредба со 104,3 милијарди евра за целата ланска година.
Продажбата на кредити во Италија изнесува 11,4 милијарди евра во првото полугодие, и трансакции за уште 40,6 милијарди евра се на пат да бидат договорени.
Владата на земјата се обидува да им помогне на банките да се справат со нефункционалните долгови во висина од 360 милијарди Евра, во обид да заживее кредитирањето и економскиот раст.
Лошите кредити во Италија се уште се огромни во големина, коментира шефот во Deloitte Дејвид Едмондс. „Сепак италијанската влада го зголеми своето присуство на пазарот на нефункционални кредити и презеде важни чекори да се осигура дека останува отворена за инвеститорите“, додава тој.
Во Велика Британија продажбата на лоши кредити е само за 900 милиони фунти спрема 39,9 милијарди фунти за целата 2015 година поради несигурноста предизвикана од референдумот за напуштање на ЕУ.
Трансакцитие можат да се зголемат до крајот на годината, бидејќи државната UK Asset Resolution Ltd. може да е клучен продавач, вели Едмондс.
