Кои две земји ќе ја напуштат еврозоната?
Се предвидува дека Италија и Грција ќе ја напуштат еврозоната.
Со вакви прогнози излезе добитникот на Нобеловата награда, економистот Џозеф Стиглиц. Тој вели дека Италија, Грција и некои други земји ќе ја напуштат еврозоната во наредните години, а еврото и германските политики за штедење ги обвини за економските проблеми во Европа.
„Европа нема решителност да ги преземе потребните реформи, како што се создавање на банкарска унија, а исто така, нема солидарност преку националните граници“ - изјави Стиглиц.
Тој поставува прашање дали за 10 години ќе постои еврозоната и дали ќе има 19 членки.
Вели дека луѓето во Италија се разочарани од еврото и Италијанците почнуваат да сфаќаат дека Италија не функционира со еврото.
Стиглиц тврди дека Германија веќе прифатила дека Грција ќе ја напушти еврозоната, додавајќи дека во минатото ги советувал Грција и Португалија да се откажат од заедничката европска валута.
Смета дека распадот на единствената валута или поделба на северно евро и јужно евро се единствени реални можности за заживување на европската економија.
