Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои две земји имаат највисока инфлација во еврозоната?

Кои две земји имаат највисока инфлација во еврозоната?

Земја од регионот е со втора највисока инфлација во еврозоната. Станува збор за Хрватска. 

Потрошувачките цени во Хрватска во август беа за 4,1 процент повисоки во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.  Таа  е на исто  ниво како и во јули, со што беше прекинат тримесечниот тренд на забрзување на инфлацијата на годишна основа. Податоците на Евростат покажуваат дека инфлацијата во Хрватска во август била меѓу највисоките во еврозоната.
Само Естонија има повисока стапка на инфлација од Хрватска, од 6,2 проценти. Во целата еврозона, просечната годишна стапка на инфлација во август беше 2,1 процент. По Естонија и Хрватска, највисока инфлација од 4,4 проценти е забележана во Словачка, потоа во Австрија  со 4,1 процент, пренесува Пословни дневник.
foto Wikipedia/Ben Bender

Слично

Поврзани вести